Хрватски и турски бизнисмени, ja посетија Општина Гостивар, каде разговараа со градоначалникот Таравари за можни инвестиции во областа на сточарството, во подрачјето на Гостивар.
Градоначалникот истакнал дека е подготвен да соработува , посебно кога станува збор за дополнителни вработувања во општината.
Претставниците од Хрватска и Турција го разгледаа теренот и се консултираа со вработени во општинската администрација кои се занимаваат со прашања од областа на странски инвестиции.