Мирјана Крстева-Масети е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, наградувана авторка, која имала над 10 самостојни и повеќе од 60 групни изложби во Македонија и во странство, а учествувала и на повеќе од 15 домашни и меѓународни ликовни колонии.
На 21- ви јуни (денес) во 19.30 часот во малата сала на Пионерскиот дом во Гевгелија, летната ликовна работилница свечено ќе биде крунисана со изложба на цртежи, под менторство на уметникот, м-р Мирјана Крстева Массетти. Малите уметници од општина Гевгелија создаваат дела во повеќе техники, акварел, гваш, колаж, темпера, кои ќе бидат претставени денес во Пионерскиот дом во Гевгелија.