Општина Прилеп, заедно со неколку спонзори и подржувачи ќе организираат хуманитарна спортска трка со назив “ Трчаме заедно за лицата со церебрална парализа”.
Трката ќе се одржи на 24 јуни 2018 година, со почеток од 19:30 часот. Центарот за церебрална парализа и општина Прилеп го очекуваат вашето учество и вашата поддршка.