• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

И покрај сите обиди за опструкција на Зоран Заев, избори на 12 април сигурно ќе има. ВМРО-ДПМНЕ предложи нов професионалец за Министер на МВР

јануари 2nd, 2020 Македонија, Политика коментари 632

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
И покрај сите обиди за опструкција на Зоран Заев, избори на 12 април сигурно ќе има. ВМРО-ДПМНЕ предложи нов професионалец за Министер на МВР

Денеска на прес конференција Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш ги разобличи намерите на Зоран Заев и Оливер Спасовски за бегање од соочување со волјата на народот на СДСМ на договорените Предвремени Парламенмтарни избори на 12 април.

Одбивањето на предложеното решение за технички министер да биде назначен делчевецот Драган Ковачки од страна на СДСМ во таа насока го разоткрива вистинскиот мотив на Зоран Заев за сузбивање на високо-професионалните кадри во институциите како аргумент за одлагање на изборите.

Но тргнувајќи од врвните приоритети на Република Македонија за што побргу да си замине од власта Зоран Заев и неговата штетна влада, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција соопшти дека партијата ќе предложи ново непартиско и високопрофесионално лице за Министер на МВР.

Подоцна во јавноста беше обедлоденето името на Наќе Чулев кој со својата импресивна лична биографија ја докажува својата професионалност наспроти тоа што никогаш не бил политички ангажиран во државата.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

“Сведоци сме на проблематизирање на техничката влада од страна на власта, пред се на изборот на професионално решение за прв човек во МВР. Зад сето ова стои стравот на СДСМ и Зоран Заев од соочување со народот, поточно стравот од избори.

Тој страв е темелен на тоа што подоцна ќе мора да се соочат со сите грешки од своето владеење, а за грешките ќе мора да има одговорност.

Но воедно таквата реакција е и рефлексија на трулиот систем кој отфрла професионалци. Тоа е истиот систем на Заев кој професионализмот, квалитетот за кој се бориме, принципите и вредностите ги детектираат како антитело и ги отфрла, несакајќи да се промени, несакајќи да се соочи со своите слабости и недостатоци.

Професионалците не се природната средина ниту за Оливер Спасовски, ниту за Зоран Заев.  Тие сакаат да бидат опкружени со луѓе нивни обожаватели, клиентелисти и материјалисти.

Тоа е истиот систем кој донесе епидемија од непотизам, дисторзија на вредностите.

И не е само отпорот кон професионалци, туку и тоа што, за да го отфрли предлогот Заев, Спасовски и останатите си земаа улога да бидат и Уставни судии, па го толкуваа Уставот, истиот оној кој претходно го прекршија безброј пати.

А таму има системски недерочености.

Власта упорно го цитира Членот 97 од Уставот, а  Членот 23 од Уставот е јасен, односно тој вели секој граѓанин во државата има право да учествува во вршење на јавни функции.

Дополнително, во оваа држава Уставен суд не се ни Зоран Заев ниту Оливер Спасовски. Но нивното однесување, однесувањето на  уплашените членови на СДСМ во владата на Македонија, деновиве само потврди дека замешателството на оваа влада на чело со Зоран Заев во било која судска истанца, тоа Основен суд, Апелационен суд, врховен суд, или уставен суд е неминовност. А кога станува збор за Уставниот суд тој воспоставува пракса во минатото за ваков сличен случај. Ќе ве потсетам Уставниот суд во состав Лилјана Ингилизова Ристова, Трендафил Ивановски, кој што се потпишува како доктор на науки, Махмуд Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бајрам Положани, Игор Спирковски, Зоран Сулејманов на 3 ноември 2004 година носи одлука во која што се прогласува за ненадлежен да постапува по поединечен акт кој што во тоа време Хелсиншкиот комитет го поднесува до Уставниот суд и практично ја оспорува номинацијата на тогашниот  министер за внатрешни работи кој што најпрвин го идентификува како заменик директор на Управата за безбедност и контра разузнавање во одреден период, а потоа и за директор во Управата за безбедност и контра разузнавање.

Понатаму овие исти судии велат дека се ненадлежни да постапуваат во оваа претставка поднесеа од Хелсиншкиот комитет бидејќи тоа бил поединечен акт и прераснува во т.н. Судска пракса. Од друга страна ние во Уставот немаме категорија наречена технички министер, но и техничка влада. Но кога станува збор за уплашените Зоран Заев и Оливер Спасовски тогаш никогаш не им пречи да ја прифатат улогата на уставни судии па да коментираат да суда, да пресудуваат, па да носат одлуки и пресуди за лица кои што се професионалци и лица кои што треба да се гордее цела држава бидејќи ги  има во своите редови.  За жал денеска дел од тие лица се прераспределени.

Би сакал уште нешто да кажам бидејќи тие се против професионализацијата и против професионалците, но затоа пак не им пречи партизацијата и прекршувањето на законите.

Ќе го цитирам Законот за внатрешни работи, членот 32 и членот 33, каде што се дефинира статусот на овластено службено лице и работник во МВР, таму се опфатени и министерот, и заменикот и останатите.

Истовремено во членот 168, ставот 1 кој што вели: „работник во министерството не смее да основа, да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут.

Ќе ве потсетам господинот Оливер Спасовски кога беше предложен за министер за внатрешни работи истовремено според статутот на СДСМ беше Генерален секретар на таа партија, а откако се случија оние настани што се случија со изборот на новата влада, ова лице беше потпретседател на СДСМ но тоа не му пречеше на тогашниот мандатар Господинот Зоран Заев да го прекрши законот за внатрешни работи и да го предложи неговиот потпретседател за министер за внатрешни работи. Ова уште еднаш ја покажува уплашеноста, стравот, лицемерието и дволичниот карактер на Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Но нека не се грижат за неколку месеци од денеска доаѓа денот кога за сето ова ќе треба да се понесе одговорност, за сето ова ќе треба правилно да се читаат и Уставот и правилно да се читаат и законите. Се чудам како онаа професорка на правниот факултет  која што обавуваше неколку позиции во владата, тогаш не го посочи и не го подучи мандаторот да му каже дека предложувајќи  го Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи грубо, грубо, флагрантно го крши законот за внатрешни работи бидејќи според статутот на СДСМ ова лице беше потпретседател во таа партија но истовремено ќе повторам и ќе ја потсетам јавноста уште еднаш дека беше предложен за министер за внатрешни работи.

Потребно е одговорно однесување а секој поминат ден со оваа власт значи поголема  штета за државата. Секој ден повеќе СДСМ на власт значи и повеќе порази во економијата, стопанството, земјоделието, образованието , здравството. Јас нема да дозволам да го имаат тоа задоволство да избегаат од избори а после изборите одговорност. Нема да дозволам со ситни итромански игри да одбегнат да се соочат со одговорноста и одговорот на народот.

Отпорот на Заев кон кандидатот што го предлагаме е неправда, како за сaмата личност, но и за професионализмот на многу како него. Но, најголема неправда би била оваа власт да избега од избори и Заев да потрае во политиката заедно со Шекеринска и Оливер Спасовски ден повеќе. А битката за професионализмот ќе биде драстична и голема на првиот ден веднаш по 12 април. Тоа ви го ветувам. Пред прагот сме на еден голем предизвик кога ќе треба убедливо да се поразат лагата, криминалот, корупцијата, срамот, понижувањата, декаденцијата и сето она што трета година по ред е реалност на политичката сцена во нашата држава. Токму затоа, јас во текот на денешниот ден ќе предложам ново име – кандидат за прв човек на Министерството за внатрешни работи. Заев ќе падне, и заедно со народот ќе ги поминеме сите препреки кои што тој и малкумината обожаватели околу него ни ги поставуваат на тој пат.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Зошто трудниците од Кочани се пораѓаат во другите породилни центри?-прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани
Следна објава "Сончева револуција" нема да учествува со свои претставници на изборите на 12 април
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 679
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 610
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 686
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1309
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

2044
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.