МВР го укина полициското обезбедување и на Никола Тодоров, веднаш после укинувањето на обезбедувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
,По претходно направени проценки за безбедноста и ризикот на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров беше донесена одлука со која им се укинува полициското обезбедување. Полициско обезбедување не користи ниту поранешниот премиер Емил Димитриев , кој беше дел од техничката влада. Моментално од поранешните функционери користи обезбедување само експремиерот Никола Груевски, кое согласно законот му следува во период колку што му траел мандатот,
– изјавија од МВР .
Тодоров имаше обезбедување од 2017 година, откако беше нападнат пред министерство за здравство.
Извор – Макфакс