Поранешниот Министер за образование во влада на ВМРО-ДПМНЕ и жесток критеичар на владата на Никола Груевски, како и учесник во т.н. Шарена Револуција, Професорот Ненад Новковски на социјалните мрежи го истакна својот став во врска со изјаснувањето на претстојниот референдум за промена ан името на Република МАкедонија.
-Референдумското прашање е така постравено што најлогичен избор е апстиненција. Имено, најголемиот дел од граѓаните се за ЕУ и НАТО, а против договорот. Значи не можат да гласаат за (зашто се против договорот), а не можат ни против (затоа што не се против НАТО и ЕУ),
-напиша на социјалните мрежи професорот Новковски.