15-тото јубилејно издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“, беше отворено во преполн амфитеатар, во младинскиот парк во Велес. Фестивалот го отвори гградоначалникот Аце Коцевски:
„Кога во не толку далечната 2003 година, пред 15 години го основавме фестивалот сонувавме да дојде овој ден, Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ да стане убедливо најмасовната, најпосетуваната културна манифестација во Велес и искрено ви благодарам за вашето масовно присуство. Велес овие денови е престолнина на фолклорот во Република Македонија и пошироко на Балканот“.
Деновиве Велес повторно ќе биде центар на музиката, ората, танците и песната.