Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев преку фејсбук упати апел за обединување на сите граѓани на Република Македонија кон праведност и заштита на државните и националните интереси.
Почитувани,
Централниот комитет вчера ги разгледа и ги потврди заклучоците донесени на седница на Извршниот комитет.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија да се обединат кон праведноста и заштита на државните и националните интереси, како и кон ставање на конечен крај на оваа последна гарнитура политичари од транзицијата која ја предводат СДСМ и Владата на Република Македонија.
-напиша на фејсбук Игор Јанушев.