Денес на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип го обвинија градоначалникот Благој Бочварски за водење лицемерна политика и за неуспешноста во реализацијата на ветениот аква парк за граѓаните на општина Штип.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
Се наоѓаме на истото место, гола површина, на која Градоначалникот се снимаше и сликаше, за да ги убеди гласачите да го изберат, со ветување дека овде ќе никне најголемиот аква парк во Македонија-СРЦ Суитлак.
Но, и после една и пол година, на ова место нема никакви промени!
Она што го гледаме денес, се нови ветувања, кои апсолутно наликуваат на претходните.
Ако Градоначалникот мисли дека ќе се извлече со оправдувањето дека се подготвува документација за истиот, се лаже!
Граѓаните ја почуствуваа лицемерноста на политиката на СДСМ. Тоа се докажа во првиот круг на претседателските избори, тоа се докажа минатата ноќ на нивниот т.наречен митинг, со не повеќе од 300 луѓе.
Предолгиот период за изградба на аква паркот асоцира на неколку работи:
Или ќе биде невиден во Европа и пошироко, Или ќе биде наполнет со солена вода од тешко достапно море, Или, најлогичното прашање-дали Градоначалникот воопшто располага со капацитет за изградба на СРЦ Суитлак?
Го повикуваме да одговори на овие прашања, да соопшти на јавноста до каде е со трите базени и тобогани и му препорачуваме полека да се подготвува за најголемиот изборен пораз за неговата партија!
Затоа што е очигледно-бродот на СДСМ тоне, но не во аква паркот, кој не постои, туку на политичката сцена во нашата држава!