• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Меѓаши: Ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус

мај 2nd, 2019 Македонија коментари 808

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Меѓаши: Ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ- Република Македонија упати свој став во однос на прогласената епидемија на морбили во државата.

Истиот го пренесуваме во целост во продолжение:

Поттикнати од прогласувањето на епидемија на морбили на територија на целата  држава, реакции на родители чии што деца не се вакцинирани и како резултат на тоа овие деца не можат да посетуваат градинка, а воедно највено е и дека децата кои не се имунизирани нема да бидат примени во образовниот систем, Првата детска амбасада  во светот Меѓаши  укажува дека ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус. Свесни сме дека во состојба на епидемија јавното здравје има приоритет и државата мора да преземе соодветни мерки со цел да го заштити населението и истото го поддржуваме, но државата мора да најде соодветни форми и механизми со кои ќе обезбеди грижа, згрижување, образование на сите деца.

Препорачуваме и сметаме дека родителите треба и мора да бидат целосно информирани за значењето на имунизацијата но и за сите позитивни и негативни ефекти од истата како и информации за квалитетот и безбедноста на вакцините.  Во насока на погоре кажаното, државата треба да преземе одговорност ако има негативни реакции врз здравјето на децата како резултат на вакцинација, воедно да гарантира квалитет што нема да биде проследен со најразлични афери (на пр. вакцини со изминат рок или сомнителен квалитет). Дополнителна конфузија кај родителите/старателите околу важноста или опасноста од имунизацијата создава и неусогласениот став меѓу педијатрите, лекарите и здравствените работници. Затоа, сметаме дека е важно ставовите околку имунизацијата да бидат услогласени од страна на сите релевантни чинители (педијатри, лекари и здравствени работници) и да се земе сериозно предвид стравот на родителите, односно да се разгледаат нивните причини кои ги водат во донесувањето на одлука за вакцининирање или невакцинирање на децата. Игнорирањето на случаи каде деца имаа одредени здравствени потешкотии како резултат на вакцинација нема да го зголеми бројот на имунизирани деца, напротив ќе предизвика уште поголем отпор како резултат на нејаснотии  и условување на родителите да ги вакцинираат децата доколку сакаат да го остварат правото на образование кое им е загаранрано со закон и со Конвенцијата за правата на детето.

Наместо рутинска контрола пред вакцинацијата на децата, треба да биде пракса целосен, соодветен и темелен преглед на детето и да ги опфати сите деца без оглед на социјалниот, економскиот и образовениот статус на родителите/старателите. Затоа во прилог со ова соопштение доставуваме и соодветни  јавно достапни документи со цел јавноста и родителите да бидат инфромирани за вакцината ММР, како и позитивните и негативните аспекти од имунизацијата на децата, но и потребата за дополнителни здравствени прегледи и проверки пред децата да примат вакцина.

Во основа сите одлуки кои се носат од страна на родителите и надлежните институции  се со една заедничка цел тоа е заштита на децата и нивното здравје и живот.  Но,  потребно е да се искреира конструктивно решение кое ќе ги надмине сите недоразбирања и ќе се води од принципот на најдобриот интерес на детето.

Нашиот став се заснова на принципите на Конвенцијата на правата на детето.

Македонија ја има ратификувана Конвенцијата за правата на детето и има обврска истата да ја применува во сите одлуки кои се носат и се донесуваат на децата во нашата земја. Во членовите од 2, 24, и 28  од Конвенцијата за правата на детето каде  се наведува:

Член 2:

1. Државите членки на овааа Конвенција ги почитуваат и ги обезбедуваат првавата содржани во Конвенцијата за секое дете под нивна јурисдикција без било каква дискриминација и без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното,етничкото и социјалното потекло, имотната состојба,онеспособеноста, потеклото или друг статус на детето или неговиот родител или законски старател.

2. Државите членки ги превземаат сите потребни мерки за да се обезбедии заштита на детето од сите облици на дикриминација или казни засновани врз статусот, активностите, изразеното мислење или убедување на родителите, законските старатели или членовите на семејството на детето.

Член 24:

1.            Државите членки му го признаваат на детето правото на највисоко ниво на здравствена и медицинска заштита и рехабилитација: Државите членки ќе настојуваат ниедно дете да не биде лишено од правото на таква здравствена заштита.

Член 28:

1.            Државите членки му го признаваа правото на детето на образование и поради постепено остварување на ова право врз основа на еднакви можности посебно:

а) Го прогласуваат основното образование задолжително и бесплатно за сите

Според јавно достапните информации, имунизација на децата генерално  се заснова на следниве две гледишта:

•             Вакцините претставуваа придобивка на современата медицина и истите спасиле многу детски животи,

•             второто гледиште се донесува на негативните последици по здравјето и животот на децата и како резултат на истиот родителите одлучуваат да не ги вакцинираат своите деца.

Контакт лица: Јана Зенговска 070390632 и Катерина Конеска 076421232 или 02/2465316

Во прилог на информацијата од Детската амбасада МЕЃАШИ доставија документирани информации во врска со предметните вакцини кои ги пренесуваме во целост на увиуд на нашите читатели:

[Best_Wordpress_Gallery id=”115″ gal_title=”Вакцини”]

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава "Ми треба (терминот на "с") Македонија" е новото лого на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот
Следна објава Игор Ефтимов: Му препорачуваме на Градоначалникот Бочварски полека да се подготвува за најголемиот изборен пораз за неговата партија во Штип
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2737
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1903
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба
Историски документи

Македонски народе обедини се! Нема слобода без револуционерна борба

Јун 2nd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.