Денеска на партиска прес конференција Советникот Игор Ефтимов од редовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип ја обвини Претседателката на Советот на Општина Штип дека земала приходи од најмалку 3 места.
“Болната желба на властодршците за функции, позиции и работни места во јавниот сектор, не престанува!
Пример за такво однесување и непотизам во редовите на СДС е неодамнешната промена во статусот на претседателката на Советот на Општина Штип. Непотизмот во таа фамилија е до степен, таа од функција на претседателка во Совет на Општина Штип да си го вработи сопругот во претпријатие основано токму од таа општина.
Но, претседателката, очигледно не беше задоволна со добиеното. Па затоа, од неодамна е Раководителка во една од најдобро платените институции во државата – Централен регистар.
Значи, во моментов претседателката на Советот зема приходи од најмалку 3 места.
Ова е само најнов пример за тоа како се однесуваат властите. Очигледно е дека независно дали има или нема избори, за високите функционери на власта има и работни места, но за обичните граѓани не можат да се набават ниту боци за кислород.
Се прашуваме, што ќе каже на ова, Државната комисија за спречување на корупцијата, граѓаните кои останаа без работни места и компаниите кои ставаат клуч поради пандемијата…”
-интегрален текст на прес конференцијата на Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ од Штип.