Денеска на пресот на штипскиот градоначалник Сашко Николов се случи помал инцидент пред камерите на присутните медиуми.
Имено додека градоначалникот на Општина Штип читаше текст пред камерите по повод 20 Мај- Светскиот ден на пожарникарите, пред камерите се обиде да излезе граѓанин на штип со намера да му постави прашање јавно на градоначалникот на начин како што самиот градоначалник постапи пред некој ден кога застана пред камерите на пресот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Инцидентот се случи кога лице од придружбата на градоначалникот се обиде да го спречи граѓанинот кој што дојде јавно да го праша градоначалникот прашање од негов интерес, при што имаше и физички контакт кој беше спречен да прерасне во поголем инцидент од присутните.


