Министерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски кој што е и Генерален секретар на СДСМ во текот на вчерашниот ден се изјасни дека индексот на перцепција на корупцијата со кој што меѓународната организација која се занимава експертски со овие теми не значел дека навистина нивото на корупција во државата е високо.
Рангирањето на Република Македонија на историското највисоко 111 место од 180 држави во светот е драматичен пад на листата на Транспаренси интернешнал во споредба со изминатите повеќе години.
Она што историски во изминатите 15-тина години од оваа листа на рангирања на Македонија во меѓународни рамки може да се забележи е дека индексот на перцепција на корупцијата опаѓа и тоа драматично во време на влади на ВМРО-ДПМНЕ додека со доаѓањето на власт на влади на СДСМ тој индекс повторно се враќа по нагорна линија за да денес во 2021 година го постигне историски највисокото ниво на перцепирање на корупцијата од страна на граѓаните не Република Македонија.
За ваквата состојба во голема мера допринесуваат интегритетот и кредибилитетот на кадровските решенија на власта, партизацијата државните институции и движењето на јавните буџетски пари кои што ги управуваат функционерите на власта.
Ваквата состојба е неодржлива и потребна е промена кон подобро…


