Во предизборниот памфлет на владеачката СДСМ наголемо беше декларирано дека Македонија е лидер во областа на енергетиката во регионот, иако во 2018 година од употреба беше исклучена Термо електричната централа Осломеј…
Во памфлетот “Можеме уште повеќе и уште подобро” на владеачката СДСМ оваа предизборна манипулација беше соопштувана за граѓаните во платена политичка програма иако веднаш после изборите регулаторната комисија за енергетика ја поскапи струјатата за Македонските граѓани. Истовремено додека траеше ваквото пропагандно бунило на владеачката СДСМ немилосрдно се празнеа вештачките акумулации ширум Македонија за недомаѓинско произвотство на струја која тогаш беше продавана по пониска цена за потоа од страна на енергетските власти да биде увезувана струја од странство по драстично повисока цена од таа што беше продавана кога безразумно се празнеа акумулациите.
Разликата во цена на ваквата штетна политика на актуелната власт директно удри по џебот на граѓаните кои плаќаа најскапа струјаа во однос на жителите на повеќе држави во регионот и Европа.
Истовремено тендери за користење на механизација и транспортни сретства наголемо го испумпуваа буџетот на државата и РЕК Битола доделени на фирми блиски до поединци до власта.
Последно актуелно во низата на поразителни факти се проблемите кои што ги има најзначајниот столб на електро-енергетскиот систем РЕК Битола со затварање на два блокови за производство на струја и проблеми во работата на третиот блок на термоелектраната поради неспособност на раководството да обезбеди јаглен за нивно работење.
Катастрофално лошите услови за работа, непланско и неспособното организирање на функционирањето на рудникот “Суводол” доведе до поразителни слики со кои беше парализирана испораката на јаглен потребен за блоковите на РЕК Битола а нивното неработење условуваше увоз на струја од странство по високи цени чија што зголемена ценовна разлика ја плаќаат граѓаните.
Сето ова е одлика на неспособноста и штетното работење на актуелната власт во државата предводена од СДСМ.
#ДаНеСеЗаборави порача Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со сите овие поразителни факти кои што се рефлектираат врз опаднатиот стандард на сите граѓани во Македонија како и работата на државните претпријатија.