Денеска на прес конференција од говорницата на Македонското собрание, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски објави дека пратеничката група на опозицијата доставува иницијатива со Барање за пуштање во парламентарна процедура на Договорот за ратификација на членството на Македонија во НАТО Алијансата.
Ваквото барање Мицевски го образлага во функција на забрзување на самата ратификација на договорот од страна на Парламентот пред истиот да се самораспушти според најавите на 3 Јануари 2020 година и одржување на предвремените парламентарни избори на 12 Април 2020 година..
Истовремено Никола Мицевски го повика Талат Џафери оваа иницијатива што е можно пбргу да ја достави до владата, а ги повика претставниците на владата да се произнесат по истата.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Никола Мицевски: