Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во текот на денешниот ден имаше прием на двајца млади исклучително талентирани ученици кои што на меѓународната јуниорска олимпијада во Дубаи освоија бронзен медал.
Иван и Марио во конкуренција на 900 други млади од цел свет го освоија бронзениот медал што претставува гордост за Штип и штипјани.
Мотивиран од ваквиот успех Градоначалникот Јорданов најави дека ќе покрене иницијатива до општинскиот совет за доделување на годишни стипендии на ваквите исклучителни таленти.
“Овие две момчиња, Иван и Марио, на престижната Меѓународна јуниорска Олимпијада по природни науки, која се одржа во Дубаи, во конкуренција со 900 други млади љубители на науката, успеаја да го освојат бронзениот медал!Не само што ме направија да бидам неизмерно горд на нивниот успех, туку ме поттикнаа да покренам иницијатива до Советот на Општина Штип, за ваквите исклучителни таленти да добиваат годишни стипендии од локалната самоуправа. Така ќе мотивираме уште поголеми достигнувања на учениците во секое поле!”
-соопшти Иван Јорданов- Градоначалник на општина Штип во оваа прилика.