Драган Ковачки- член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонскиот парламент денеска со свое обраќање во јавноста го сруши обидот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во јавноста да прават политички ПиАр од неуспешна акција на специјалните полициски сили спроведена во текот на денешниот ден.
“Минатата година правеа акција “Планина” во с. Грчец. Требало да се апсат нарко босови. Акцијата пропадна поради нејзино пробивање од највисоките кругови во МВР. Така барем тогаш изјави ЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Одговорност не понесе никој.
Денеска повторно правеле акција во с. Грчец. И денеска отишле со Специјалци од МВР, инспектори од пазарна, трудова итн. Што е исходот?
Нашле неколку малолетници во угостителски објект, објектот немал фискална каса, а кај едно лице пронашле нож.
Па добро бре министре Спасовски, до толку ли не ве бива или си правите забава за народ? Има ли смисла да се трошат толкави средства за дневници, гориво, да се малтретираат специјалци за да констатирате дека објектот немал фискална каса?!!”
-напиша Драган Ковачки на фејсбук.
На што ја сведовте елитната полиција, на инструмент за личен ПиАр. Барем да беше успешен ПиАр.
За оваа акција не требаше ни да објавувате дека сте ја правеле, затоа што поради Вашата и неспособноста на Вашиот тим, полицијата наместо да биде авторитет, служи за подбив.