Една година Шилегов – една година неработа, лаги, афери и ниту една инвестиција.
Скопјани цела година по изборите гледаат како градот стагнира, а Шилегов и неговите пулени уживаат. Скопје е повалкано, нови булевари нема, но затоа градежната мафија дивее и го слави доаѓањето на СДСМ на власт. Не само што се сечат дрва, туку се удри и по Водно, а загаденоста на воздухот урива рекорди. Скопје е небезбедно и за млади и за стари ама Шилегов тоа не го засега бидејќи половина од мандатот го мина надвор од земјава на службен пат.
Петре Шилегов потроши една година, без да направи нешто корисно за Скопје и Скопјани.
Единствено ќе остане запаметено дека во текот на првата година од управувањето со Скопје си купи луксузна вила во Маврово, за која се открија куп сомнежи за злоупотреби во медиумите.
Моделот на владеење по стапките на Заев се преслика и во Град Скопје. ЈСП по веќе позната шема додели два тендери од над 200 илјади евра набавка на фирма која е формирана непосредно пред да биде објавен огласот. При тоа декласирајќи фирми со долгогодишно искуство во областа.
Граѓаните останаа со еден куп прашања, за кои Шилегов не се ни потруди да даде одговор.
Додека Шилегов пушта музика за отворање на автобуска постројка граѓаните тонат во смет.
Шилегов е единствен градоначалник во светот кој преку прес конференција најавува дека претпријатието за јавна хигиена ќе го чисти градот, како да најавува мега проект, а не редовна обврска.
Шилегов е добар градоначалник за скопските комарци, но тој е единствен во светот кој проба и сопствените граѓани со старо видео да ги излаже дека прскал против комарци, а всушност не прскал.
Градоначалникот на Скопје во текот на кампањата ветуваше поголема грижа за кучињата и подобрување на стационарот за кучиња Вардариште. Една година откако Шилегов е градоначалник, а бројот на кучиња скитници е поголем од кога било претходно. Не само кучиња, туку и змии почнаа да шетаат.
Затоа Шилегов на Скопјани им го нуди ретро изгледот на јавниот превоз. Почна да ги вози во автобуси од 70-тите години на минатиот век. Градските власти со банални изговори се обидоа да го прикријат срамот дека новите автобуси се расипувале.
Цела година во Скопје не е почнат ниту еден нов проект. Напротив сите проекти се закочени и се развлекуваат цела година.
Единствено успеа да го доврши „Партизанска“ и булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, кои всушност се проекти на ВМРО-ДПМНЕ.
Со Шилегов Скопје само тоне.
Шилегов покажа дека не знае и не може да го управува градот. Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на Град Скопје.