Претседателот на Унијата на Млади сили на ВМРО0ДПМНЕ, Лука Кржалоски на денешната прес конференција заедно со членовите на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дел од погубните политики на Владата предводена од Зоран Заев олицетворени во масивните кратења во Биџетот на Владата после ребалансот направен на вонредна седница во сабота вечер.
СДСМ во изминативе 2 години во кои е на власт докажа дека воопшто не се грижи за младите во Македонија.
Ниту едно од ветувањата не е остварено. Напротив, постојано сме сведоци на нови кратења во инвестициите за креирање можности за младите.
Негрижата на СДСМ за младите се покажа и со последниот ребаланс на буџетот. Со ребалансот, СДСМ крати од оние сектори кои се најважни за младите во Македонија. Цели 7 милиони евра!
Владата на СДСМ крати цели 170 милиони денари за изградба и реконструкција на студентски и ученичките домови. 48 милиони денари помалку средства ќе има за превод на книги од реномирани автори, а дури 87 милиони се кратат од средствата планирани за изградба и реконструкција на основни училишта.
Тоа не е се. Владата на СДСМ крати 30 милиони денари од парите наменети за изградба на училишни спортски сали, 43 милиони денари помалку ќе има за изградба и реконструкција на средни училишта како и 50 милиони денари помалку за спортски објекти.
Да повторам, тоа се преку седум милиони евра помалку за младите луѓе во Република Македонија!
Затоа и резултатите се поразителни. Македонија е на трето место во светот по младинска невработеност. Повеќе од 50 проценти од младите немаат работа иако голем дел од нив се и високо образовани. Штетните политики на СДСМ кон младите предизвикуваат егзодус на младите од државата. За младите не дојде животот кој им го ветуваше Заев.
Но, за ВМРО-ДПМНЕ младите се врвен приоритет. Ние точно знаеме што им недостасува на младите и тоа ќе биде дел од партиската програма во наредниот период. Ќе ја вратиме надежта кај младите дека Македонија ќе победи. Младите ќе победат.
-изјави Лука Кржалоски.