Познатата актерка и еден од најголемите и најсилните противници на власта предводена од Никола Груевски, која што беше и еден од учесниците во т.н. Шарена револуција, Ирена Ристиќ, во текот на денот на својот фејсбук профил повика на протести пред Владата.
Ова е нејзиниот повик:
Во последните неколку години примам безброј закани по мојот живот.
Јас сум во Скопје сега, и барам поддршка за протестот пред Влада од 18ч, против ваквите неспособни, корумпирани власти.
Секогаш ќе останам верна на каузата на Македонија.
Никогаш нема да отстапам.
Се гледаме!
Подоцна од самиот протест на кој повика познатата актерка на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледаат петмина како со транспаренти пред зградата на Владата на Република Македонија протестираат со свои пароли испишани на импровизирани транспаренти.