• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин
Славни и Богати

Искуството на Илина Арсова со Ковид-19

мај 18th, 2021 Магазин, Славни и Богати коментари 1000

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Искуството на Илина Арсова со Ковид-19

Пред еден месец добив симптоми на ковид 19, па сакам да го споделам моето искуство, со надеж дека некој нешто ќе научи, а на други пак ќе им помогне во закрепнувањето, кои иако се наоѓаат во иста ситуација, за тоа не се охрабриле да зборуваат.

Најпрво сакам да споделам дека речиси година и пол почитувавме и јавно препорачуваме мерки и само-свесно се заштитувавме од вирусот, задолжително носејќи маски и држејќи дистанца, со и онака мал број на луѓе со кои се сретнуваме. Сепак едно мало невнимание, може да не чини многу скапо.

Од самиот почеток испраќаме пораки како луѓето треба сами да се пријават ако приметат симптоми кај себе си или кај некој што го познаваат, што е главна мерка во спречување на вирусот да се шири. За жал тоа не е случај во земја со толку ниска свест. Заразените од ковид ниту се тестираа ниту се пријавуваа, мислејќи дека некој ќе ги прогласи за виновни што се заразени. Напротив, виновни се и сносат одговорност ако не постапат според мерките. Да повториме: со идентификување и изолација на болниот се спречува ширењето на вирусот! Исто како кога детето на школо ќе ви фати вошки, па никој ништо не пријавува се’ додека не ја стават целата училница во карантин.

Е сега да раскажам за мојата приказна. Ме зарази асимптоматски преносител во Охрид, кој дури кога го доби својот позитивен резултат од пцр тест, не ми се јави да ми каже, туку јас од друга страна требаше да разберам. И покрај тоа што мислев дека се работи за обична настинка, се тестирав штом стигнав назад во Дојран, и по добивање на позитивниот тест веднаш ги контактирав луѓето (вкупно тројца) со кои имав контакт тие денови. За најголема среќа и можеби божја воља вирусот не го бев предала на никој, што ми олесна. Ми препишаа десет дена изолација. Се чувствував добро, не дигнав температура, не кашлав многу, не се заморував по скали, се’ изгледаше добро освен првите три дена со симптоми на класична настинка (грло, крајници, течење нос и кивање). Една работа што беше многу интензивна беше психолошкото влијание на вирусот преку изразена депресија, несигурност, себе-обвинување. Дали ви звучи познато?Додека седев во изолација и ги слушав работници што работат на улицата како киваат и кашлаат, знаев дека сигурно кај барем секој втор од нив се работи за ковид, а не за настинка. Но дали тие луѓе би можеле да си дозволат по 3-4000 денари за да направат тест, и уште едно чудо пари за додатни испитувања, набавка на витамини и суплементи? Или поедноставно и по евтино, ќе си продолжат со нормалната работа заразувајќи секој ден нови луѓе, од кои за жал многумина и не го преживеаа вирусот. Она што ми помогна да ја надминам, навидум благата форма на зараза беше: многу течности, многу витамини и суплементи, хомеопатски препарати од мојата мајка Др. Милена Илиевска (лекар и хомеопат) Milena Ilievska-Arsova медитација и јога техники за дишење од мојата драга Theodora Kostovska

Како и да е, каде погрешив?

На 14-тиот ден направив тест кој покажа дека сум негативна. Тоа беше непосредно пред Велигденските празниците кога Дојран се наполни со илјадници туристи жедни за пијанчење и прегласен турбо фолк – наша и само наша македонска дефиниција за празнување, на која и јас и мојот мојот сакан сме многу осетливи. Решивме да отидеме на планина каде исто така може да се празнува, во мир, не задолжителна тивка музика, чист воздух и вистински празник за очите и душата. Некаде на 18-тиот ден од симптомите решив да ја проверам својатафизичка форма и изгледа малку претерав кога во еден ден ги искачив сите врвови на планината Кожув. Е тука почна се!

Мојот нормален пулс кој обично е под 50, а сега и повеќе од месец дена после вирусот, ми се качува на 120 до 150 од една обична прошетка. Да бидам искрена толку ми бил пулсот можеби во најтешките делови при искачувањето на Еверест. Се посветив на истражувања на оваа тема и гледам дека тоа е случај кај дури 30 % од прележаните од ковид, особено спортисти и активни физички луѓе. Компликациите од post acute covid syndrome може да траат и со месеци, што уште повеќе влијае врз психата на еден, до вчера совршено здрав човек, кој наеднаш е принуден да се соочи и прифати сосема нова реалност.

Затоа драги мои, пазете се и чувајте се! И не плашете се да споделите и зборувате за тоа. Бидејќи со размена на искуства само може да си помогнеме. Не бидете дел од стадото со мозок колку кикиритка, што мисли дека ако не те дознаат, не било! Тоа е исто како да сте болен од сида и знаејќи го тоа легнувате со што повеќе партнери без да ги предупредите дека сте носител на смртоносна болест. Себично зарем не?

Ајде ве молам да работиме на ова, да ја искорениме себичноста, неодговорноста и примитивизмот што не влече назад. Прво, бидејќи со тоа може да спасиме нечиј живот, второ еднаш и засекогаш да изградиме вистински трајни вредности во ова општество.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Најдолгиот бран во светот достигнува должина од 4 km и е заштитен со закон на државата
Следна објава ПАМТИ ЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ КОЈ АНЕКС ПО РЕД Е ОВА ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО -ОХРИД ?
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 775
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 625
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 708
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 768
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 774
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 730
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 735
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 667
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 753
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

651
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1967
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1446
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201819
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201917
Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија
Македонија

Средба на Данела Арсовска со амбасадорот на Полска во Македонија

Мар 28th, 202216
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.