На денешната прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски ја запраша Власта и Зоран Заев заедно со Министерот за финансии Тевдовски дали со лошото работење со економијата се доведени во прашање редовните исплати на пензии и социјални трансфери? И дали економијата на Република Македонија е пред крах и пред банкрот?
Заев и Тевдовски не само што се покажаа неспособни да состават реален буџет, туку се гледа дека се неспособни да направат и ребаланс на не реално планираниот буџет за 2018 година. Владата требаше да му предложи на Собранието ребаланс на почетокот од јули, кога се виде дека реализацијата на капитални инвестиции е катастрофална.
Она што владата на Зоран Заев го утврдила на синоќешната вонредна седница е премалку и за жал е предоцна! Значајна сума на средства прибрани од граѓаните и од претпријатијата преку даноци и други давачки, кои беа наменети за поддршка на економски раст преку капитални инвестиции, остануваат неискористени, без никаков ефект во економијата.
-изјави Димче Арсовски на денешната прес конференција од седиштето на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
Погледнете ја целата прес конференција во продолжение: