Со Законот за амнестија 670 лица ќе бидат ослободени од затвор, додека на 3097 други затвореници казната ќе им биде скратена за 30%. Во најголемиот затвор во Македонија, Идризово, од вкупно 1754 затвореници, на Законот за амнестија ќе му се радуваат 1438 лица од кои 621 Македонец, 569 Албанци, 26 Срби и 257 Роми.
Во воведниот дел на законот, предлагачот ја оправдува амнестијата и со заштеда на буџетските средства, бидејќи по ослободувањето на еден голем број на затвореници нема да се трошат пари за подобрување на условите во затворите. Ресоцијализацијата е главната цел на законот според предлагачот.
Координаторот на парламентарната група на опозицијата Влатко Ѓорчев не се согласува дека законот за амнестија ќе донесе нешто добро. Тој рече дека во Македонија сега и јавната безбедност опаѓа. Според него со ослободувањето на затворениците состојбата уште повеќе се влошува.
Ѓорчев додаде дека СДСМ и владината коалиција ги ослободува овие лица со цел покасно да ги употреби за политички цели. Последниот рок за подготвување на листата со имиња на лицата кои ќе бидат дел од амнестијата е 29 јануари.