По долгогодишна пауза огранокот на ЛДП во Штип се враќа на политичката сцена во градот. Рестартирањето на огранокот е направено со избор на ново раководство. За претседател е избран Горан Варадинов, потпретседател и потпарол на општинскиот огранок е избран Мирослав Кацаров. Потретседателка ќе биде Дејана Богдановска Кироска а секретар Драган Ташков. На седницата била донесена одлука за формирање на форум на жени и форум на млади во Штип.