Пратеникот од Штип во Македонскиот парламент Иван Јорданов денеска во своја реакција во јавноста ги наброи највпечатливите и најзначајни проекти кои што актуелната власт на СДСМ ги реализираше за граѓаните на Штип.
“После изиграниот чочек, проследен со труби на плоштадот Слобода, бележиме:
Покачена цена на водата за граѓаните на Општина Штип.
Одлука за нови патарини на автопатот Штип-Скопје во износ од 320 денари за граѓаните на Општина Штип.
Покачена цена на струјата за граѓаните на Општина Штип.
Санирана шахта во центарот на градот за граѓаните на Општина Штип.
Поставен шатор за прием на пациенти со симптоми на Ковид 19, за граѓаните на Општина Штип.
Зголемен број на нерасчистени кражби на територија на Општина Штип.
Над 2000 нови невработени регистрирани во Заводот за вработување во Штип.
150 нови вработувања во институциите под локална самоуправа, од кои издвојуваме ”Советник за возен парк во Општина Штип” со рударски факултет.
Една поинаква слика за Штип !?