Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип Иван Јорданов на социјалните мрежи реагираше во врска со скандалозните сцени во салата на Македонскиот народен театар каде навивачката група “Шверцери” го прославуваа својот јубилеј.
Во продолжение ja пренесуваме неговата реакција:
Недозволиво е вакво однесување во институцијата која е репрезент на културата во државата и претставува еден од најубавите театри кои се изградени на овие простори.Сето тоа институциите предводени од лица на власта не го гледаат и немаат никакви реакции. Евидентна е разликата во начинот на владеење и практикување на власта. СДС и нејзините коалициони партери се политичка гарнитура за деструкција и уништување. Потребна е одговорност од директор на МНТ, ресорниот министер како и самиот Зоран Заев. Неотповиклива оставка е најмалата можна работа во овој момент.


