Центарот за современа ликовна уметност (ЦСЛУ) – Прилеп, годинава слави 55 години од скулпторскиот симпозиум „Мермер“. За таа цел беа изложени дела од скулпторскиот симпозиум, како и слики од годинешната ликовна колонија.
Горан Ристески, раководителот на ЦСЛУ, потенцираше дека во изминатите 55 години од своето постоење, од скулпторскиот симпозиум „Мермер“ произлегле повеќе од 200 скулптури, од кои 115 се поставени во центарот на Прилеп.
„Дел од скулптурите се поставени во центарот на градот, а дел во разни институции во државата. Од годинешната 61 интернационална сликарска колонија и од скулпторскиот симпозиум, прилепската публика ќе може да види 30 дела“
– нагласи Ристески.
Со оглед на староста на скулптурите, според зборовите на Ристески, може да се каже дека тие се добро сочувани и се наоѓаат во добра кондиција.