Кајли Вилкес цели две години го наводнувала и негувала своето украсно растение, пред да открие дека растението на кое посветувала толку многу внимание е всушност пластично.
Оваа вљубеничка во домашните растенија целосно се изнервирала откако ја сватила причината зошто нејзиното растение цело време е во совршена состојба.
Таа во период од две години го наводнувала растението, се грижела да ја добива потребната количина на сончева светлина и редовно ги чистела лисјата на растението.
Но кога сакала да го пресади растението во друга саксија и да му ја смени земјата околу коренот, забележала дака стеблото на растението било прицврстено за блок од пена околу која бил налепен песок и земја.

На своите пријатели на на фејсбук јавно ја споделила својата приказна при што реторички се запрашала:
“Како можев да направам ваков превид? Се чувствувам дека последните две години сум живеела во лага.”


