Jавното претпријатие за комунална дејност „Брегалница“ Делчево преку проект на Источно-планскиот регион наскоро ќе го поднови возниот парк со нови возила. Станува збор за 77 возила за собирање и транспортирање на отпадот кои подеднакво ќе бидат распределни во 6 општини од источниот регион за чии јавни претпријатија исто тка епредвидено набавка и на вкупно 53.600 канти за одделување на различните видови отпад. Како што истакна директорот на ЈПКД „Брегалница“ Делчево, Дарко Гоцевски, колку и какви видови на возила ќе добие делчевското јавно претпријатие ќе се знае откако ќе заврши тендерто за избор на најповолен понудувач.
-Во процедура сме на добивање возила преку програмата на Источно – планскиот регион, проект работен преку претпристапниот фонд ИПА на Европската Унија, така да треба да биде распишан тендерот за набавка на возила и канти. Во овој проект ќе бидат вклучени 6 градови од источниот регион меѓу кои Делчево, Берово, Пехчево, М.Каменица и Свети Николе. Тоа се возила за собирање и транспортирање на смет како и багерии други возила. Со овој проект исто така планирана е и набавка на 53.600 канти за одделување на сметот и вкупно 77 камиони. Вредноста за набавка на возилата и кантите за отпадоци е 26,7 милиони евра, истакна директорот на делчевското јавно претпријатие, Дарко Гоцевски.
Освен набавката на нои возила за Делчево според директорот Гоцевски, најважно е тоа што во рамки на регионализацијата на локалните депонии наскоро се очекува и решавање на проблемот со постоечката депонија за која согласно проектот за регионални депонии комуналниот отпад од Делчево ќе биде собиран и транспортиран до регионалната депонија во Ранковце.
– Единствено решение да се затвори градската депонија е комуналниот отпад да се транспортира на централна постапка. По нашите мерења во Делчево станува збор за некаде околу 15 тони неселектиран отпад меѓу кој пластика, метал, стакло, отпад кој се собира на ниво на Делчево и селата кои ги опслужуваме а кој ќе биде транспортиран до споменатата локација.