Патот до ЕУ полн со дупки, делницата Делчево кон граничен премин оставена на забот на времето.
Патот од Делчево кон граничниот премин со Република Бугарија, на делницата Делчево – с.Ѕвегор, полн со дупки чека некое идно време за санација. Имено власта иако ветуваше дека ќе изврши санација на патот со ставање на нов слој на асфалт, веќе година и половина нема ништо. Патот кој е изразито фреквентен како за домашниот така и за меѓународниот сообраќај е полн со дупки.
Делчевчани се жалат на лошата инфраструктура и велат дека, проектите на инфраструктурен план кои ги започна претходната власт се запрени и веќе година иполовина нема никаква активност во насока на подобрување на инфраструктурата.
Актуелната власт од опозиција ветуваше дека ќе изгради нови 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1100 километри локални патишта, за нивниот мандат кој е до декември 2020 година, скоро половина од времето е поминато, а најавената инфраструктура не е ниту на повидок.
Извор: Македониум.мк