Ете, за сите вас кои од синоќа ме прашувате како е кога се оди кај Претседателот? Во принцип одењето кај Претседателот е како кога не си бил дома кај твоите прилично долго време. Те пречекуваат со топлина и благост, па те седнуваат до ,,даскалот,, и почнува ,,распитот,,. Како е, што е, за ова, за она, па за тоа и за оноа и тој те слуша со совршено внимание ама ти мора да се пазиш не само на кажаното туку и на тоа како го кажуваш, раце, нозе, тело па и како дишеш! И после пет минути веќе си спокоен затоа што си сосема, ама сосема на чисто дека за се има чаре и се ќе се реши, само ти ела си дома жив и здрав! Обидот на Иван да се приклучи на твоја страна е добродојден ама на крајот и ти и тој сте сосема задоволни од фактот дека сте биле во право и двајцата само што сега ви е јасно дефинирано.
Даскалот е за тоа тука, нели? И се разбира, ништо според него не се случува денес, ако веќе не се случило вчера што е гаранција дека ќе се случи и утре а сега ете нели ние знаеме што се случио и што се случува, па утре да не одиме пак кај ,,даскалот,, со истите прашања: оти ова, оти она?!
Сега веќе треба да знаеме како тие работи самите да ги решаваме! И после доаѓа Маја и веќе се е полесно! Речиси решено. Таа не те советува и не кажува што мисли туку што сторила таа кога била во ситуација како твојата, а ништо ново не ми се случило мене што не му се случило на некого сличен на мене, нели?! И да, се разбира, се што правиме ако од дома е подржано, разбрано и поделено со љубов, што е тоа што не може да се реши?!
На крајот заминувате, и ве испраќаат онака како што ве примиле, до порта, со убаво со арно и пак да дојдеш. И за убаво и за арно. Оти дома се оди и кога е убаво и арно ама и кога и не е баш! Бескрајно му благодарам на Претседателот и на семејството Иванови.
Беше како дома!
Статус на фејсбук на цензурираниот режисер Јани Бојаџи