• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Како сценариото “Сите се исти” или т.н. “Курто и Мурто” оди во прилог на Зоран Заев и СДСМ?

јануари 8th, 2020 Македонија коментари 988

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Како сценариото “Сите се исти” или т.н. “Курто и Мурто” оди во прилог на Зоран Заев и СДСМ?

Немоќта и неспособноста на власта во заминување предводена од Зоран Заев и СДСМ на полето на економијата, пред се, но и во сите други полиња на општествен живот во Македонија се повеќе од очигледни.

Руината на Македонската економија е логично продолжение на руината направена врз идентитетските обележја на Македонскиот народ од страна на измамата наречена со терминот на “с”.

Катастрофалниот стандард на живот во државата на Македонските граѓани резултира со зголемена сиромаштија за најголемиот број од населението придружена со економска миграција внатре во Република Мaкедонија но и надвор од државата. Дополнително особено карактеристична во изминатиот период е и појавата на т.н. политичка миграција на неистомислениците на власта на СДСМ странство. Се почести се иселувањата на поединци но и поголеми делови од цели семејства кои се економски подобро стоечки а сепак се одлучуваат да заминат во странство за таму да го продолжат својот живот стравувајќи од удар врз нив на корумпираниот систем воспоставен во државата раководена од СДСМ и Зоран Заев.

Не е нешто ново ако кажам дека економскиот геноцид врз Македонските граѓани е втора фаза од идентитетскиот геноцид кој што беше направен со противуставните промени на уставот н Република Македонија.

Во такви услови на негативенни резултати на воспоставената моќ, влијание и контрола врз Македонските граѓани, на власта во заминување не и’ преостанува ништо друго освен да го прави она што најдобро го знае и умее:

-Со удбашки методи да се обиде да влијае врз Македонскиот гласачки електорат за да извлече што поповолна положба за себе во однос на идно позиционирање на пратенички мандати во Македонскиот парламент.

Претходно пишував за воспоставените системски инструменти и методи за поделба на националното ткиво во државата во функција на одржување на власт на Зоран Заев и СДСМ, на штета на националните интереси на Македонскиот народ и граѓани слетствено на сите штетни политики кои ги спроведе власта во заминување на СДСМ во изминатите 3 години.

Во изминатиот период во јавноста особено на определени форуми на социјалните мрежи забележливо е присуството на неколкумина гласни поединци кои упорно и во континуитет ја пласираат тезата дека вина за моменталната состојба во која се наоѓа Република Македонија носи и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Таквите мегафони на самопрогласени политички аналитичари “на народот” се обидуваат неуспешно и аматерски да се наметнат како т.н. “трет блок” на политичката сцена во Македонија за да (според нив):

– го вратат Уставот од 1991 година, -го поништат Преспанскиот договор,

-ја поништат Тиранската платформа,

– го поништат договорот за добрососедство со Бугарија

-ја ревидираат криминалната приватизација на општествениот капитал и слични други флоскули…

Содржината на флоскулите е во ред!

Но она што не е во ред е начинот, т.е. изгледите за успешност тоа да биде направено од таквите политички сили во најава на овој т.н. трет национален блок.

Неверојатноста за исполнување на овие упорно и гласно искажани заложби ги доведува до прашање чесните и искрени намери на нивните гласноговорници по однос на самите пропагандни флоскули кои гласно се афирмираат во јавноста.

Штетноста на нивната немоќ и политички аматеризам за остварување на прокламираните флоскули, оди до таа мера што со ваквата експлицитна националистичка реторика која ја афирмираат упорно во јавност, никако не оди на штета на клиентелистичкиот систем на Зоран Заев и СДСМ. Непознавањето на политичките процеси и односи во Република Македонија како и аматеризмот во однос на остварувањето на политичките интереси на одреден број на гласноговорници и прокламатори на овие идеи не ги оправдува нивните штетни постапки кои одат во тој правец на дејствување против нивните сопствени заложби.

Согласно воспоставниот систем на поделба во општеството на различни таргет групи кои што СДСМ го креираше во изминатите години, ваквата пропаганда на овој т.н. трет блок кој се прокламира себеси во јавност, внесува дополнителна основа за поделба во Македонското национално ткиво и потенцијал за ослабување на единствената политичка сила која може силно и енергично да се спротивстави на Зоран Заев со сите негови удбашки структури како и т.н. граѓански движења кои на крај на денот работат за кеширање на гласови на контото на СДСМ. Македонските гласачи имаат искуство во минатото во повеќе наврати со појавата на т.н. “трети блокови” кои секогаш биле на штета на ВМРО-ДПМНЕ.

Јас би отишол и чекор понатаму и би кажал дека овој систем на форсирано и испровоцирано формирање на овие трети блокови слободно може да биде патентиран изум на удбашките структури во Македонското политичко подземје кои своја генеза влечат од времето на поранешната СФРЈ, каде ваквиот систем на вештачка опозиција беше доведен до совршенство (т.н. градска и селска струја), на штета на граѓаните во државата.

Денеска во 2020 година ваквиот скапан систем повторно се обидува да се повампири, притоа во јавноста за себеси креирајќи убави шарени маски на активисти за борба на враќање на името на државата и се што следува понатаму.

Со тенденција за ситнење на опозицискиот фронт во државата овој т.н. трет национален блок пледира да освои еден до два пратеници на наредните предвремени парламентарни избори, со што ќе може само да ги задоволи политичките апатити на неколкумина луѓе кои гравитираат околу вака избраните пратеници и никако нема да може да прерасне во сериозна политичка сила за влијание во насока на остварување на првичните заложби кои и понатаму ќе останат само политички флоскули.

Дополнително што согласно постојниот изборен модел на шест изборни единици поголем број од гласовите што ќе ги повлечат кумулативно со себе ваквите кандидатски листи на т.н. трет национален блок, воопшто нема да бидат ефектуирани во пратенички мандати и ќе бидат дадени во празно на изборите.Од таа нивна борба која во јавноста наликува на несериозен расштиман оркестар, единствен политички профит ќе има Зоран Заев кој очекува да ја устоличи власта уште 4 години, во кои токму разрушените национални идеали за кои се бори овој т.н. трет блок во најава ќе бидат забетонирани до максимум.

Секој искрен и чесен Македонец кој срце го боли за Македонија и за слободата извојувана со огромен број на жртви во историјата, нека се огледа на зборовите на неколкумината гласноговорници на овој т.н. трет блок, нека го преиспита нивниот минат труд, политички кредибилитет и капацитет па слободно нека носи одлуки за сопственото политичко профилирање во иднина.

Време е Македонскиот народ да почне да победува за себе!

А не славно да “гине” за интересите на поединци!

Победата е неминовна.

Таа ќе биде уште поголема доколку има што поголема обединетост на Македонските граѓани наспроти политиките на Зоран Заев кој што е единствениот генератор на актуелната криза во Република Македонија.

Пишува: Кирчо Анастасов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Митрополитот Агатангел рамо до рамо со Рашела Мизрахи во посета на здружението на лица со церебрална парализа од Велес
Следна објава Протестен собир за одбележување на годишнината од противзаконската промена на Уставот на Република Македонија
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 545
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1178
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 576
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 541
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1241
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1964
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 773
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201927
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.