По иницијатива на Општинската изборна комисија, денес, кандидатите за градоначалник на општина Охрид потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.
Свој потпис на Кодексот ставија: кандидатот на партијата Демократи, Стевче Стевоски, Михаил Трендафилов-Нанче од ГДУ, Митре Милошески од ВМРО ДПМНЕ, Џемаил Мена од БЕСА и Константин Георгиески од СДСМ. Локалните избори ќе се одржат на 21 април, заедно со претседателските.
По само година и половина од минатите локални избори, во Охрид повторно ќе се гласа за прв човек на општината поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.