Пратеникот Иван Јорданов од Штип на социјалните мрежи го обвини предложениот кандидат за Градоначалник на Штип од редовите на СДСМ Сашко Николов за злоупотреба на неговата јавна работа кало лекар и здравјето на граѓаните за водење на предизборна кампања.
Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на реакцијата упатена до јавноста од страна на Иван Јорданов:
“‼️ Како лекар, апсурдно и неетички е да го злоупотребувате здравјето на граѓаните за водење на кампања (сликање со пациенти во операциона сала со прикажување на дијагноза). Затоа, треба да се престане со таа пракса! Сите доктори се грижат за здравјето на граѓаните, не сте Вие исклучок.
✅ Апсурдно е да изедначувате лекар со градоначалник.
✅ Апсурдно е како доктор да барате избори во време на светска зараза со корона вирус.
✅ Апсурдно е веќе четврта година да ја кочите изградбата на Клиничката болница во Штип.
✅ Апсурдно е да нема слободен кревет и пациентитите да молат за здравје.
✅ Апсурдни се и наместените тендери за стентови.
✅ Апсурдно е додека илјадници фамилии се завиени во црно, Вие како доктор да водите кампања за градоначалник.
✅ Апсурдно е 3 години како советник кој ја добил поддршката од граѓаните, да не учествувате во работата на советот на Општина Штип, а сега да барате мандат за градоначалник.
✅ Апсурдно е Вашите колеги да немаат основна медицинска опрема.
✅ Апсурдно е да зборувате за чесност и морал, а идол Ви е Заев.
✅ Апсурдно е да барате да се носат маски на отворено и кога сме сами, а да ги групирате граѓаните во затворени простории по десетина луѓе, со цел да се помогне во Вашиот обид да станете градоначалник.
✅ Апсурдни се сите Ваши обиди за манипулација и играње со чувствата на граѓаните. Јасна е Вашата цел, спас на фамилијарната фирма која е пред колапс.
Нема да успеете!
Во овие моменти посветете се на медицината. Тоа е најважно!”


