Во сабота на 1-ви Декември ќе се одржи најавениот протест на граѓанската иницијатива Македонија #Блокира.
Протестот е закажан во 12.00 часот пред Македонскиот парламент како реакција на постапката на носење на уставните промени од страна на пратениците на власта на Зоран Заев на која се придружија и исклучените пратеници од опозицијата.
Во тек е втората фаза за носење на уставните амандмани со кои се врши преименување на Република Македонија и целосно редефинирање на уставниот карактер на државата.
Граѓанската иницијатива Македонија #Блокира која е составена од над 80 организации се спротивставува на уставните промени и менувањето на името на државата.
За протестот граѓанската иницијатива има организирано превоз за сите граѓани кои се во можност да присуствуваат на протестот од сите краишта на државата со што ќе го изразат својот став за спротивставување на уставните промени, преку менување на името и идентитетот на Република Македонија и Македонскиот народ.



