Заради потребата од унапредување на капацитетите на активистите и граѓани од неколку населени места во Скопје и Делчево за активно учество во процесот на урбано планирање и трансформација на неискористените јавни површини во зелени, функционални, корисни и одржливи простори, Здружение на граѓани КАЖИ КОГА – Центар за инклузивен развој Скопје за потребите на проектот „НАШ ГРАД“, финансиски поддржан од Амбасадата на САД во земјата распишува:
П О В И К
За ангажирање на 1 (еден) или 2 (двајца) експерт/и – архитекти за одржување на работилница (информативна сесија) за урбано планирање и конкретно јавни простори во Скопје и/или Делчево.
ОПИС НА АНГАЖМАНОТ:
Експертот односно експертите се потребни заради организирање на една до две 1-дневни работилници со локални жители на неколку населени места во Скопје и Делчево. Преку информативно-едукативна презентација на позитивни примери на урбано планирање, организирање на просторите во урбаните средини, можностите за учество на граѓаните, за организирање граѓански иницијативи и сл., експертот односно експертите треба да помогнат во пренесување на знаења за темите, подигнување на свеста меѓу учесниците, мотивирање за соодветни акции, како и дискусија и размена на различни мислења и ставови. Дополнително, експертот односно експертите треба да му помогнат на тимот во организирање на предвиденото мапирање на локалните јавни простори кои се неискористени или запуштени, како и во мониторинг на заедницата врз постоечките јавни простори.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ:
Експертот односно експертите ќе бидат ангажирани за не помалку од 1 (еден) работен ден за спроведување на еднодневна работилница и дополнителни 3-4 дена за подготовка и консултации.РОК НА ИСПОРАКАРаботилницата и консултациите ќе бидат организирани во текот на октомври месец, 2021 година. За точните дати и рокови, експертот ќе биде навремено известен по потпишување на договорот.
КВАЛИФИКАЦИИ:
• Диплома од Архитектонски факултет или сродна област.
• Минимум 5 годишно искуство во секторот.
• Знаење од област урбано планирање и јавни простори
• Познавање на процедурите за вклучување на граѓаните во одлучувањето и планирањето на урбаниот простор и јавните простори и сл.
• Искуство во спроведвуње работилници или слични едукативни активности (пренос на стручни информации и знаење) ќе се смета плус.
РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните кандидати кои одговараат на условите од овој повик потребно е да достават биографија и мотивационо писмо. Истите да се достават електронски на: kazikoga@gmail.com до 21.09.2021 година.
За дополнителни информации и консултации, обратете се на: kazikoga@gmail.com или 076 669 565.
Целосниот повик е достапен на слендиот линк: https://drive.google.com/…/1KpVk_9a55Z…/view…
—Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.


