• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Кирчо Анастасов: ПРОФЕСИОНАЛЕН КЛИМАЧ СО ГЛАВАТА

септември 29th, 2019 Македонија коментари 1051

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Кирчо Анастасов: ПРОФЕСИОНАЛЕН КЛИМАЧ СО ГЛАВАТА

Јас сум тој! Едните ме сакаат другите ме мразат. Оние на кои им климав со главата горе-доле дури и ми се насмевнуваа. со тоа бев познат по љубовта но и омразата кон мене. А оние што ја сакаа мојата работа не е тајна дека ме мразеа…

Ангажиран бев од некои чудни работодавачи кои сакаат да останат невидливи а мене сакаат да ме направат популарен.
Та што сум јас виновен кога некој сака да ме направи славен- икона на мојот век.

Тоа во сите книги за славни личности е најпосакувано сценарио.
И не се жалам. Работата не е тешка-треба да бидам она што сум, нон-стоп да се смеам дури и кога сум изнервиран, особено кон оние со добро стокмени гардероби на нив и по можност со брендирани акт чанти, налегнати ниско до земјата од гравитација.
Реботатa е и добро е платена. Сега можам да си дозволам да си купам мотор на 4 тркала-нешто што татко ми додека бев мал не сакаше да ми го купи затоа што го беше страв дека ќе си ја скршам главата.
Тоа во денешни услови кога луѓето немаат пари за леб и не е така лошо.

Баш напротив среќен сум. Покрај мене и мојата фамилија стана препознатлива во комшии, особено оние од источната страна.
Малку се осеќам несигурно затоа на работното место има понекогаш голема промаја и заврнува. Токму затоа морав да реагирам кај надлежните да ми набават чадор. Бев скромен морам да признаам, не посакав голем чадор, туку само мало чадорче. Најзезнато е кога врне и дува, па не знам на која страна да го свртам чадорот.
Мојата основна работна обврска беше на влезот од зградата на мојата фирма да стојам и кој како влегува да му климам со главата. Тоа во основа значеше дека мојата фирма им посакува добредојде на сите наши клиенти кои сакаа да влезат внатре. Со еден збор јас бев лицето на мојата фирма-првиот од многуте кои следуваа. Се редеа клиенти-работата цветаше. Невидливите работодавачи очигледно беа задоволни од мојата работа штом мораа понекогаш да ми прогледуваат низ прсти за одредени глупости кои ги правев. Како во моментите кога некој од клиентите ќе ми прозбореше на англиски, па морав да му возвратам и јас на англиски. Добро е тоа-самокритичен сум… Човек може низ работа да си ги препознае и корегира грешките за да не ги прави друг пат.

Знам дека со тек на време од климањето на главата, вратните мускули еден ден ќе ми попуштат, па може надлежните да ме отпуштат. Ама јас манга сум па си имам заштедено пари за тие времиња. И тоа од истите оние брендирани торби на клиентите кон кои толку милно им климав со главата. Имено торбите нивни морав да ги проверувам поради нивна лична безбедност, па вишокот гардеРОБА го отстранував од торбите, а потоа тој вишок го перев во јавните перални па го препродавав. Тоа ми доаѓаше како втор пензиски столб, затоа што нели првиот е подостарен и може секој момент да рикне.

Не така одамна моето лице беше употребено во една рекламна кампања на мојата фирма.

На плакатите покрај името на мојата фирма – МУЛЕН РУЖ (со големи букви, што е скратено од Бордел) стоеја и моите ретко убави заби скриени зад скромната моја насмевка и моите очи од кои може да се види дека секогаш ја зборувам вистината.

Тоа е она што им е потребно на клиентите на мојата фирма.
Доверба и насмевка.

Е сега рекламата не беше толку успешна затоа што името на фирмата (МУЛЕН РУЖ) не беше толку влијателно како претходното име, кое во себе содржеше многу повеќе љубов, чувства и доверба.

Но тоа и не е толку важно! Важно е што моето лице блесна во елитата на светскиот крем.

Пишува: Анастасов Кирчо

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Си го црпнаа од нива... Манчуријскиот кандидат од Македонија
Следна објава Хомер
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 533
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 511
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 518
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1164
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 563
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 302
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 383
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 528
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

617
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1671
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот
Маж на денот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ное 21st, 201819
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.