• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Кирил Ковчегарски: ЗА НАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ И НИВНИТЕ РАБОТИ

ноември 1st, 2019 Македонија коментари 1242

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Кирил Ковчегарски: ЗА НАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ И НИВНИТЕ РАБОТИ

Интересна недела на сите полиња е зад нас, па иако сум своевиден почетник во пишувањето на текстови после дваесетина години откако престанав да се занимавам со новинарство, навистина не е лесно да се одлучам на која тема, за што, и за кого да напишам некој ред. Примитивизмот и простотилукот навистина цути, очигледно нема крај и кој знае уште што се’ нема да се изнагледаме и изнаслушаме во овој предизборен период.

Кога човек ќе помисли “тоа е тоа”- ова е дното, подолу неможе, оп, еве ти нов бисер, со кој оние кои се стремат кон ЕУ со симнати гаќи и нивниот лидер, громогласно ќе ти порачаат “мало сутра” и “еве ти го на”. Ние секогаш можеме и подоле од тоа што ти си мислиш обичен граѓанину кој безмерно си ги сака и почитува својата татковина, својот народ и не си како нас спремен да замениш достоинство и чест за членство во сојузи и унии.

Да не ме разбере некој погрешно, немам ништо против членството во ЕУ и НАТО, напротив, но за тоа друг пат.

После ваква интелектуална продуховеност со класични ЕУ манири, што ми преостанува освен да останам занемен и без зборови? Едноставно за овие неартикулирани појави на кои некој се воодушевува нема објаснување, ниту пак има лек, тоа е тоа, туку си велам:

-Дај ти за почеток батали ја оваа висока политика, остави им ја на “големците” тие нека се оправаат со нејзе ако можат, па на крај што даде Господ, ќе си тераме.

Бидејќи ова е само втора моја колумна сметам дека ред е постепено да им се претставам на оние што ми укажале чест да ја прочитаат и да посветат дел од своето скапоцено време на мојот труд. Во контекст на мојот прв текст во кој пишував за изборните модели и моите размислувања за истите во денешниов би се осврнал на конкретните нешта кои произлегуваат од изборните процеси, а тоа се народните претставници.

Секаде гордо изјавувам, иако сум роден и скоро цел живот живеам во Скопје, дека по потекло сум од Берово, дека сум Беровец, Малешевец. Дури на многу луѓе верувам дека сум им и досаден, со ваквото мое инсистирање, ама тоа е посилно од мене и нема менување. Од таа причина мој интерес во оваа колумна ќе бидат последиците од изборите и изборот на народни претставници од мојот крај и регион, особено овие актуелните. Секако, сето ова без проблем може да се однесува и за сите други народни претставници кои се бираат во различни региони на нашата Република Македонија, затоа што повеќето си личат како јајце на јајце.

Веројатно малкумина во државата знаат дека во актуелниот состав на Парламентот на РМ од вкупно 120 пратеници во моментов во владејачките партии има дури 5-6 пратеници кои или се директно од Берово и околината или пак се по потекло од Малешевијата како што сум и јас. За да биде моето, а верувам и на повеќето жители од овие краишта, разочарување поголемо, сите до еден од овие пратеници без исклучок наместо да помагаат во промоција и развој на целиот регион за што се впрочем и избрани, тие одбраа да се завимаваат со “виша политика”, со политики кои ни малку нема да го подобрат животот и да ги решат проблемите на нивните сограѓани, сопартијци, гости кои ги посетуваат и сл. Што добија моите сограѓани од тоа што нивните претставници (додуша некои од споменатите немаат храброст да се појават на листи во 3-тата изборна единица каде припаѓа Малешевијата) сите до еден неуставно гласаа за промена на уставното име на Република Македонија?

Дали, како што со полни усти ветуваа, го сопреа исселувањето на нивните сограѓани или тој број во изминативе 2,5 години е зголемен? Слушав деновиве на трибина прецизни бројки за решени проблеми на стечајци (кои патем заборавија да споменат дека нивната партија ги создаде, па дури некои од претставниците во власта се и директно заслужни), но бројка за ново исселени немаше. Слушнав за вратени долгови, ама не слушнав од никој дека тие долгови во најголем дел ги направија нивните сопартијци кои на времето ја практикуваа власта. За вработувања немаше ништо, оти освен партиски војници во администрација и јавни претпријатија никој друг и не е вработен, а ветуваа. Не слушнав и бројка колкумина добија предизвборно ветени кредити од 10.000 Евра за бизнис, за субвенции и да не збориме. Но затоа слушнав за преасфалтирани (а не нови) регионални патишта (за нивниот квалитет ќе говориме откако ќе пребродиме една вистинска малешевска зима) од кои некои беа во солидна состојба и иако се потребни, не беа приоритетни во моментов за толку многу да ги “греат” Малешевци од дури три страни, па веднаш благодарение на тоа да заборават на суровото секојдневие. Од толку блесоци и убавини верувам дека на повеќето малешевци им доаѓа да ја “фатат Европа” директно преку граничниот премин Клепало кој ни’ блеска од четвртата страна. За оние кои не се од Малешевијата и не се запознаени, за да не се збунат и да не тргнат некогаш на “почивка” во Бугарија, таков премин не постои, има само преасфалтиран пат кој е направен пред дваесетина години и објект која постои можеби и повеќе од триесет. Граничен премин, иако е ветен, па дури и опеан во најновата преработка на песната “Ајде Милке да бегаме в наше село Малешево” нема и не е ниту на повидок да го има од проста причина што големите пријатели и љубители на добрососедски односи на властодршците наши од ЕУ-соседната ни држава се незаинтересирани и воопшто не работат на патот од нивната страна. Уште една лага голема која иако е повторена стотина пати дури и од највисоко ниво никако не станува вистина! Но, прва ли е? Голема работа. Ќе се извинат во кампањата до небо и “терај даље”. Важно во песната животот на нашите сограѓани е мед и млеко. Многу се офајдија од северџан-европската агенда на нивните соселани претставници во парламентот и жителите на малешевските села, па така онаа баба од Панчарево што скоро секое утро сука зелник кај Ване на 5-ка, а после тоа го дегустира заедно со нејзините соселани вратени овде од печалба и прекрасен живот во ЕУ, веќе веројатно ја бараат своите вештини да ги презентира насекаде. И притоа одлично заработува од тоа и нема никакви проблеми во животот. Тоа и го овозможи меѓу другото човек кој се заколнал дека ќе го штити уставниот поредок. Ама тој веројатно и’ објаснил дека не е кршење на Уставот, избор на претседател со 58 гласа, тоа е нормална работа затоа што така на бабава и се отвараат перспективите. Толку напреднавме од промената на името што на пример во село Двориште веќе никој ништо нема потреба да работи, ги снема дури и секојдневните тракторски несреќи со жртви. На луѓето им се европеизираше животот и немаат потреба веќе од неевропски работи. Дрва не им требаат, се греат од блесоците на регионалните патишта и од граничниот премин Клепало. Но тоа е, шегата на страна, затоа што воопшто не е за шегување. Состојбата е алармантна, исселувањата, невработеноста и сиромаштијата немаат крај. Политикиве што се тераат од нашите претставници со ништо не придонесуваат за развој на Малешевијата, ама колку и да не уверуваат во спротивното. Треба промоција, лобирање, досадување по институциите, кај странските претставници. Берово, Пехчево, селата, наместо да се срамите да ги споменете, не треба од уста да ги вадите. Немаат тие никакво фајде од вашата Северна која бесрамно, па дури и со гордост ја повторувате по стотици пати со надеж дека така ќе го промените кодот на граѓаните. Немаат фајде тие ни од двојазичните табли и документи (нешто што е апсолутно без никаква потреба и вон здравиот разум, но за тоа друг пат), ни од избрусените шахти, ни од вашите празни и слаткоречиви зборови. Баталете ја “вишата политика” и одработете ова малку што ви преостана вистински за своите сограѓани, заработете си ги парите чесно, без натпревар и рекорди по неразумни наплатени патни трошоци, особено што некои патуваат и престојуваат во своето место само толку колку да преспијат мирно притоа под сосема непотребна полициска заштита. Не плашете се и не го повторувајте тоа џабе, ви се смеат луѓето, никој ништо нема да ви направи бидете убедени во тоа. Слободно тресете си ги чергите преку тераса на улица, тоа се европски вредности и никому не сметаат. Таман работа некој со такви личности да си го загрозува интегритетот и да си го губи времето. Немојте до толку да си вообразувате, нема потреба, во животот секој си добива и му следува според заслугите, а за тоа обичните смртници не одлучуваат. Тој што е чесен, што нема никому згрешено, што помага и работи за добро, не ги изневерува оние кои ги претставува, не му претстои ама никаква опасност од своите сограѓани. Европските политичари кон кои се страмиме си ја тераат работата, дури многу малку од оние кои ги избираат лично ги познаваат, немаат ни потреба затоа што овие мислат на нив, а не само на себе, на своите интереси, на својата партија или сопартијци, туку на сите и за сите подеднакво. Кога ќе го сфатите ова можеби и вие ќе бидете вистински народни претставници, наместо да се криете позади партијата на партиските листи. Повеќето од вас гарантирам дека самостојно неможат ни стотина гласови да добијат, па дури ни во сопственото маало или село да победат, иако сте сите веќе добро познати и афирмирани.

На следните предвремени избори сигурен сум дека народот ќе каже НЕ за ваквите народни претставници и конечно ќе избере свој вистински претставник во Собранието кој ќе мисли на нивните, а не на своите и партиските интереси. Претставник кој ќе биде нивниот лик и од кој извршната власт нема да може мирно да спие кога ќе го види или слушне, особено кога ќе им укажува дека нешто што било ветено или побарано не е исполнето и завршено. Тогаш Европа сама ќе си дојде кај нас и без да бидеме најисточниот регион од Источна (Северџанска) Македонија.

И да, сосема на крајот, да не рече некој еве го овој не мислел на се и пишува само работи што му одговараат: од “разочарувања” ништо не очекувам и за нив несакам ниту да трошам зборови, само се надевам дека си имаат добро оправдување пред себе и пред Бога.

Ние гласачите и нашиот став сме и така небитни.

Пишува: Кирил Ковчегарски,

адвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ

Кирил Ковчегарски: Изборен модел

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Обвинителката Вилма Рускоска е ставена во функција на Зоран Заев
Следна објава Бошко Цветковски: ЛАЖНА ВИСТИНА
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1581
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1847
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.