Првиот претседател на Р.Македонија, Киро Глигоров ќе добие спомен соба во родниот град.
Денес пред медиумите градоначалникот Благој Бочварски ја престави просторијата која се планира да претставува спомен соба во мултимедијалниот центар кој истовремено ќе го носи и неговото име. Во спомен собата ќе бидат сместени сите лични предмети на сега веќе покојниот претседател а истите се донирани од неговото семејство. Бочварски истакна дека како општина ја превземаат одговорноста да водат грижа за предметите кои некогаш биле во сопственост на Киро Глигоров. Спомен собата се очекува да биде пуштена во употреба за два до три месеци.