Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани со партиско соопштение ја алармираат јавноста за можноста властите во државата дека ќе ја продаваат болницата во Кочани.
во продолжение го пренесуваме нивното соопштение:
Клуч на врата ќе добијат десетици болници низ земјава.
“Има државни болници што не се целосно искористени, работат со мал капацитет, како што се оние во Кочани и во Кавадарци, каде нема пациенти, персонал, експертиза….” изјави министерот Филипче.
Пред очи ќе ви ја продадат болницата во Кочани!
-напишаа на фејсбук од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани.