Книгата на Никола Груевски на тема : „Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ е всушност негов докторски труд одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За сега книгата на екс премиерот е испечатена во 1.000 примероци.
„Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа „Ѓурѓа“. Од утре, среда, 8-ми мај на саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Во септември и англиска верзија“. Неизбежно е да потенцирам дека оваа книга се издава токму во вре¬ме на сложени политички случувања во Македонија и кога веќе поло¬вина го¬дина имам статус на личност со доделен политички азил како поли¬тичко про-гонето лице и се наоѓам во Република Унгарија.Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.Издавањето беше планирано да се случи во јануари 2019 година, по довршување на одредени дополнувања во книгата поврзани со обезбедување и внесување дополнителни податоци објавени по предавањето на
докторскиот труд за одбрана, а заради поголема актуелност на книгата.” – напиша Груевски на својот Фејсбук профил.
Има многу заинтересирани. Ја купуваат. Некои земаат и по пет примероци. Имаме мал проблем затоа што немаме пос-терминал, па не може да наплаќаме од картичка, но се враќаат со кеш и земаат по неколку примероци
– велат на штандот на „Ѓурѓа“ за Независен Весник.