На претстојните Локални избори со своја кандидатска листа за советници во Советот во Општина Делчево ќе се “тркаат” и од политичката партија Левица.
Носител на кандидатската листа на за советници за Делчево е Сања Николовска а нејзините колеги од Левица преку социјалните мрежи нејзе вака ја претставуваат:
“Сања Николовска има 30 години и е дипломиран правник. Работи активно на својата цел да стане адвокат. Верува во правда и правичност, во посветено работење и надградба на сопствените знаења и вештини. Смета дека промените се единствената опција која ни остана и која сме должни да ја искористиме.
Нејзината борба е насочена кон департизација на работните места, транспарентност и отчетност на институциите, подобра социјална заштита, економски развој на општината, подобрување на патната инфраструктура, развој на туризмот, решавање на проблемот со јавниот транспорт, заштита на животната средина.
За повеќе одговори може да го посетите нејзиниот профил на Левица (линк во коментар)


