Ова видео е типичен пример за состојбите во Македонија. На прашање упатено до премиерот Ковачевски одговара Али Ахмети во ретко виден негов стил на Македонски јазик , кратко и јасно.
Погледнете го видеото и ќе сфатите кој владее во оваа држава и кој е главниот “бос” во државата.
На новинарското прашање “-како ќе функционира државата…” Али вели “КАКО ДОСЕГА” а премиерот Димитар Ковачевски повторува исто така “КАКО ДОСЕГА”.
И после ваквата демонстрација на моќ и влијание, главната дилема на јавноста е дека ако продолжи да функционира државата под раководство на Али Ахмети и неговиот репетитор Димитар Ковачевски “како досега” до каде ќе стигне до наесен, имајки предвид дека веќе сиромаштијата го допира нивото на општ социјален бунт во државата?


