Членови од 53-те здруженија од Сојузот на пензионери на Република Македонија присуствуваа на традиционалната, дванаесетта средба на пензионери во манастирскиот комплекс „Св. Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј. Пред пензионерите се обрати потпретседателот Салтир Каровски кој истакна дека средбата се организира во корист на дружењето на пензионерите и за запознавање на сопствената држава.
Каровски ги повика пензионерите на што поголема вклученост и активност во рамките на Сојузот и на нивните здруженија заради обезбедување подобри услови за живот, за здраво и успешно стареење.
Домаќин на средбата е Здружението на пензионери – Кочани. А на настанот присуствуваа околу 1.000 пензионери од цела Македонија.