Нема потреба од коментар. Објавата на Професорот Апасиев ја споделуваме интегрално:
Често добивам пораки у инбокс, од типот: „А ШО БИ НАПРАИЛ ТИ АКО СИ…“?
Епа ај да не одговарам поединечно, еве у кратки црти:
1. Ако сум Џоле Иванов – Претседател на Републиката би напраил следно:
а) Повторно ќе ги активирам аболициите за сите 50 криминалци, со што би ја минирал работата на СЈО [бидејќи и така веќе е очигледно дека е пазарено никој да не лежи, па кад је бал нек је маскенбал];
б) Ќе поднесам контрапредлог на владиниот за промена на Уставот на РМ [со цел одолговлекување на процедурата];
б) Ќе се обратам со жесток говор на пленарна седница во Собранието на РМ [за да остене во стенограмите кој на чија страна бил];
в) Ќе поднесам предлог до Уставниот суд на РМ за да го реши судирот на надлежности [при потпишување на т.н. Преспански договор од страна на министерот-узурпатор]
2. Ако сум Христијан Мицкоски – лидер на најголемата парламентарна опозициска партија:
a) Би повикал на радикализација на ситуацијата и парализа на државата со 200.000 демонстранти пред Собрание;
б) Би го одолговлекувал процесот со процедурални финти и амандмански филибастеринг, до недоглед;
в) Би им дал наредба на сите пратеници да прават невидени скандали на седниците на Собранието (процедурални интервенции, тропање по маси, тавчиња, тенџериња и слични иновативни техники).
3. Ако сум овој анонимусов шо е Јавен обвинител на РМ шо не го знам како се вика:
а) Би отворил итна истрага за поткупт на пратеници и евентуалните закани за да гласаат;
б) Би повел постапка за кривично дело Саботажа против 80те пратеници, бидејќи свесно гласаат против Референдумската одлука од 1991 – што е недозволено во правото и подлежи на кривичен прогон.
4. Ако сум Зоран Заев – Премиер на РМ:
a) Би си дал неотповиклива оставка од функцијата;
б) Би се самоубил!