Жители од Карбинци денеска излегоа на масовен протест против незаконското и прекумерно копање на песок од речното корито на реката Брегалница.
Во врска со оваа појава и самиот настан свој став во јавноста упати и Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карбинци, Виктор Паунов.

Истиот го пренесуваме во целост:
❗️Голем скандал во Карбинци⁉️
Масовен протест на жителите на село Карбинци во врска со копањето на песок во реката Брегалница!
•Дали градоначалникот Јордан Насев лобирал при доделувањето на концесијата за копање на речното корито на река Брегалница и изнесувањето на песок на фирмата блиска до него? 🕹
•Дали градоначалникот има личен профит во бизнисот со песок💶 и како дојде до доделување на концесијата на човек кој е вработен во водостопанство и е во блиска роднинска врска со градоначалникот?🤔
•Јавен повик до ДКСК, да се направи увид во случајот, дали има судир на интереси и непотизам?