Денеска на прес конференција пратеникот Миле Талески од СДСМ ги обвини локалните власти во Виница дека ги поскапеле за 25% комуналните услуги.
На ваквата изјава кажана од прес салата на СДСМ во Скопје реагираа од ВМРО-ДПМНЕ кои истата ја окарактеризираа како лажна.
“ Нема никакво покачување на комуналните услуги, на цената на водата, ѓубрарината, гробарината, надоместокот за јавна чистота, нема никакви оптоварувања на Вашите семејни буџети, впрочем сето тоа сами може да го увидите на месечните сметки кои Ви ги доставува ЈП Солидарност.
Корекции на цените имаше единствено на услугите кои ЈП Солидарност ги дава и фактурира пред се’ на општината(како користење на машина, кастрење и отстранување на дрва, машинско сечење на асфалт и бетон итн.) или мал дел на услуги кои граѓаните ги користат многу ретко или никогаш(Како промена или монтажа на водомер).
За што реагираше и ЈП Солидарност
https://www.facebook.com/…/a.473353237…/566733741593480/“
-ја информираат јавноста од ВМРО-ДПМНЕ ОК Виница.