По катастрофата која зафати одредени региони во Македонија со пожарите се наметнува прашањето за тоа колку постои политичка волја кај определени политички субјекти за практикување на политики кои одат во прилог на минимизирање на појавата на пожар, но не само пожари, туку секаков вид на општи опасности кои се закануваат на имотите и граѓаните низ Македонија.
Во тој контекст поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во јавноста сподели информации кои означуваат колку и каква опрема и активности превемала претходната влада на Никола Груевски за спречување на пожари низ државата:
“Во 2010 година Владата на Република Македонија
набави 25 возила:
– 15 пожарни за урбана средина
– 10 специјализирани за шумски пожари
– 3 авиони “Ер Трактор”
Плус, “Ден на дрвото” со преку 80 милиони засадени дрвца.
Беа набавени 70 (седумдесет) НОВИ возила за прва помош.
Минатата година Струмица доби 1 (ЕДНО) половно возило. И толку.
Заевистан нема набавено НИШТО, освен лимузини за функционерите. Буквално пустош и пепел.
Има разлика. “
-напиша Влатко Ѓорчев на фејсбук.


