• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Колумна на Александар Николоски – ” Генерација 2000″

август 20th, 2018 Македонија коментари 876

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Колумна на Александар Николоски – ” Генерација 2000″

Добро се сеќавам со каква возбуда ја чекавме 2000-та година. Нов милениум. Многу очекувања и надежи. Погледи кон иднината, но и горе кон небото, кон вселената очекувајќи во милениумот што започнува човекот да го освои и тој простор, со својот ум, знаење, иновација, да ја шири добрата идеја. Тогаш бев во средно на мои 16 години. Многу очекувања и од Македонија! Дел се случија уште истата година кога Македонија прва во цел регион потпиша договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Прва во регионот! Очекувавме дека за не повеќе од 10 години ќе станеме членка на таа толку моќна, голема група земји во која убаво се живее, има голем економски напредок и владеење на правото.

За жал, поради Грција, сè уште тој сон го сонуваме 18 години подоцна и не се случува. Бараат да се одродиме за да им се приклучиме во клубот, целосно спротивно од вредностите за кои се залага тој клуб на збрани земји. Оние што се родиле таа 2000-та година, денес имаат по 18 години и се полнолетни и веќе следната година ќе имаат право првпат да гласаат, да изберат претседател што ќе ја води државата. Сме се прашале што сака оваа генерација, кои се нејзините желби, соништа, погледи, каде ја гледа Македонија… Од 12 август 2000-та со Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации се слави Меѓународниот ден на младите. Резолуцијата има 18 години, исто колку оние на кои им ја посветувам оваа колумна.

Секој еден млад човек има потреба од добро образование, можности за усовршување на своето знаење преку практична работа, вработување, добро здравство, културен и социјален живот, безбедност и услови во кои тој ќе може во иднина да креира семејство и ќе создава и живее во Република Македонија. Свесни ли сме колку брзо се менува светот! Колку она што за нас кои имавме 16 години во 2000-та година беше нормално, сега е целосно демоде и не се користи, колку нови технологии се развија, но и нов начин на живот. Масовната употреба на интернет, новите технологии, патувањето без визи (само да знаат оние на кои е посветена колумнава до 2008 година мораше да одите по амбасади да аплицирате и можеби да добиете виза), како и нискобуџетните летови проследено со сервиси како Ер-би-ен-би и Букинг овозможија многу поголема мобилност на цела една генерација која не може да се ограничи само на својот град или држава. Затоа и целата дебата околу т.н. иселување е поставена на погрешни стари темели кои веќе не важат, ако некој излегол од Македонија веќе не значи дека е тоа засекогаш.

Многу од новата генерација сакаат да работат и живеат надвор по 3-4 месеци па да се вратат, па повторно истото и слично. Клучните прашања тука се, што прави Македонија овие луѓе почесто да се враќаат и привлекува ли други млади од други земји кои би сакале дел од своето време, 3-4 месеци годишно, да поминат во Македонија и да работат од тука? Можеби изгледа како научна фантастика за некои постари генерации, но ова е реалноста и на неа мора да се приспособиме. Колку побрзо толку подобро. Еве некои согледувања кои можат да ѝ помогнат на владата на Зоран Заев.

Можеби ќе пробаат да ги спроведат во некое слободно време меѓу две договарања на криминални тендери. Доколку не го направат тоа, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ силно ќе работи на ова. Младите денес својата креативност и енергија се повеќе ги насочуваат кон ИТ-технологијата, како една од најперспективните професии и тоа треба во иднина државата да го стимулира и уште повеќе да се поттикнуваат младите да студираат ИТ-технологии. Факултетите и Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид мора да добијат многу поголемо финансирање од државата, а оние што студираат таму можност за стипендии и други бенефиции за да бидат мотивирани побрзо да завршат и да се поквалитетни. Секако, тука е цел сет на факултети кои стануваат дел од отворениот пазар на фриленсери. Тоа е концепт кој генерацијата 2000-та совршено го разбира, а значи дека можеш да работиш од каде сакаш, ти треба само компјутер и телефон. Во минатото ВМРО-ДПМНЕ ги поттикнуваше младите да се насочат кон оваа модерна професија и информатичките науки ги направи многу подостапни за младите. Така се отворија факултети во помалите градови, а како еден од поуспешните проекти е Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, на кој студираат и млади од други држави, а предаваат врвни професори од државава и странство. Поради овие причини, мора да се даде шанса на новите технологии и се повеќе млади треба да се насочат да ги изучуваат овие науки и нивната креативност да биде правилно насочена.

ИТ-технологијата мора да биде главен двигател на државата, младите тоа го можат и во Република Македонија има голем број успешни приказни во кои млади информатичари добивале први награди и изработувале проекти од светски рамки за огромни корпорации. Државата овие успешни информатичари треба да ги субвенционира и помага на секој можен начин. За жал, оваа влада доби идеја да ги зголемува персоналниот и данокот на доход, мерка со која се директно засегнати токму младите фриленсери и ИТ-девелопери. Не смее да се дозволи младите што одлучиле својата кариера да ја градат токму во Република Македонија, поради даночните зголемувања да ја напуштат државата или да го изиграат законот преку пријавување помал приход, со што наместо повеќе пари во буџетот ќе се слеат помалку. Државата, наместо апсурдни мерки, треба да им понуди на младите нови даночни олеснувања, посебно на популарните фриленсери, софтвер-девелопери, програмери на компјутерски игри или апликации за мобилни телефони кои тоа го прават за извоз и надворешен пазар. Со извоз на вакви апликации и проекти младите внесуваат додадена вредност во Македонија, а со тоа ја придвижуваат и економијата. Никако не смее да се дозволи зголемување на данокот на добивка од десет отсто и персоналниот данок од десет отсто. Напротив за младите кои работат во ИТ-секторот и се во брачна заедница и имаат барем едно дете данокот треба да биде намален на осум отсто, со што би се помогнале младите брачни заедници и својата иднина ќе ја гледаат во Република Македонија и ќе се намали одливот на мозоци. Спречувањето на одливот на мозоци и заминувањето на младите мора да биде приоритет на секоја влада, младите се иднината на државата.

Популарните фриленсери и сите млади што работат од Македонија за странски корпорации и фирми имаат потреба од отворање на таканаречени хабови. Потреба од вакви хабови има надвор од Скопје, во помалите градови во кои ќе може да работат младите фриленсери. Ова е битно не само за нашата генерација 2000-та, туку и за многу други. Постојат десетици илјади фриленсери кои би сакале своето место на живеење на одреден период да го заменат со некое ново. Најчесто нивната дестинација не се големите и преоптоварени Париз или Лондон, бараат нешто мало, чисто, евтино и убаво. Такви места ние имаме, сигурен сум дека девелопер од Германија би дошол во Преспа, или фриленс-архитект од Франција во Берово или, пак, економски фриленс-консултант од Италија во Охрид. Треба да се вложи малку да се преуредат простории кои државата или општините не ги користат, да имаат добра интернет-врска и основна опрема и сето добро да се изрекламира по форуми и интернет-страници, како и блогови кои се занимаваат со ова. Потоа ќе дојдат резултатите.

Македонија мора да вложи во дигиталната инфраструктура и дигитализацијата на државата, а одличен пример за тоа е Естонија и нивното E-Residency. Дигиталната инфраструктура мора да се подобри во Македонија, а со тоа и животот на младите во државата.

Фриленсерите не треба да бидат само од ИТ-секторот, треба да се поттикне и да се стимулира фриленс-работата и во други области и професии. Фриленсери можат да бидат и економистите, сметководителите, графичките дизајнери, дизајнерите на ентериер и екстериер (архитекти). Фриленсери можат да бидат и маркетинг-експертите, преведувачи, експерти од областа на социјалните медиуми и уште многу други професии. Сето ова државата треба да го помогне и да го субвенционира. Доколку сакаме младите да останат овде и својата иднина и кариера да ја градат во Република Македонија, но и да се враќаат овде, како и да доаѓаат странци, треба да посветиме огромно внимание и да им овозможиме одлични услови, подобри од секоја друга држава од регионот. Младите во Македонија го заслужуваат тоа. Оваа година младите што се родени во 2000-та година го започнуваат своето академско школување и се пред една круцијална одлука за нивниот живот и кариера. Младите ја следат најновата технологија и постојано ги следат светските трендови, зошто светските трендови и новата технологија да не се креираат во Македонија?

Во овие денови на надмудрување и гол популизам од власта дека само ако го смениме името ќе тече мед и млеко еве една препорака на што да се посветат додека ги чекаат медот и млекото. Генерацијата 2000-та го заслужува ова! Александар Николоски за nezavisen.mk

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Тодор Петров - " Општ и безусловен бојкот и масовна неизлезеност на референдумот на 30 септември "
Следна објава Човекот кој сврте пиштол кон народот стана директор на Бирото за јавна безбедност
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 179
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 169
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 188
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 748
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 195
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 236
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 74
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 149
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 176
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1666
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1652
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Кирил Ковчегарски: ПРАВИНАТА И КРИВИНАТА
Македонија

Кирил Ковчегарски: ПРАВИНАТА И КРИВИНАТА

Фев 28th, 2020 1473
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Кирацовски:  Граѓаните можат да направат сериозна разлика помеѓу она што ние како Влада го сработивме за две и пол години и тоа што 11 години ВМРО-ДПМНЕ го правеше
Македонија

Кирацовски: Граѓаните можат да направат сериозна разлика помеѓу она што ние како Влада го сработивме за две и пол години и тоа што 11 години ВМРО-ДПМНЕ го правеше

Апр 10th, 201922
Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина
Колумна

Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина

Апр 9th, 202220
Љупчо Палевски: На овие избори мора да го сопреме племево ВРХОВИСТИЧКО, кое не укина како народ, се обиде идентитет да ни украде, уништи
Македонија

Љупчо Палевски: На овие избори мора да го сопреме племево ВРХОВИСТИЧКО, кое не укина како народ, се обиде идентитет да ни украде, уништи

Јун 22nd, 202019
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.