• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Колумна на Александар Николоски- Како се најдовме во ситуација да имаме договор со кој губиме сè, а не добиваме речиси ништо?

септември 17th, 2018 Македонија коментари 815

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Колумна на Александар Николоски- Како се најдовме во ситуација да имаме договор со кој губиме сè, а не добиваме речиси ништо?

На почетокот на кампањата за референдумот околу промената на името на Македонија и обезличувањето на Македонците останува да лебди прашањето – како се најдовме овде? Како се најдовме во ситуација да имаме договор со кој губиме сè, а не добиваме речиси ништо? Како се најдовме во ситуација да имаме Влада која прифаќа да се смени името на државата, да се обезличи македонскиот национален идентитет и да се постави механизам на континуирана блокада на Македонија на патот кон ЕУ преку т.н. Комисија за ревизија на историјата, науката и културата. Ова се ретки историски моменти во кои мора да се направи осврт на она што е и што не е направено и секако да се направи напор да се зачува тоа што може.

Има две работи што се неоспорни.

Првата е дека низ годините наназад од сите македонски влади биле пропуштени многу подобри шанси за да се реши спорот. Не мислам дека тоа било правено намерно или од незнаење, напротив мислам дека патриоти и одговорни луѓе седеле во тие влади, без разлика на другите нивни слабости. Тие луѓе се надевале дека следниот предлог ќе е подобар и активно се бореле Македонија да го зачува своето име.

Втората работа, која е неоспорна, е дека со доаѓањето на власт на Зоран Заев и наметнувањето на Никола Димитров за министер за надворешни работи, почнува целосно рушење на македонските позиции од само за нив познати причини, кои се чисто лукративни и коруптивни. Од една страна, имате премиер кој не победил на избори, но добил на тацна можност да состави влада, паралелно си е познат и тој и неговото семејство не по чесна работа туку по обратното, си има на товар ем јасни докази за барање мито на принципот евро за брат му и евро за „црквата“, ем фамилија која сака да владее на криминален начин со најголем дел од бизнисот во Македонија.

Во неговата проекција за себе, власта и финансискиот бенефит се пред националниот интерес. Од друга страна, имате министер за надворешни работи кој не учествувал на ниедни избори! Кој никогаш за ништо не се кандидирал во животот! Кој не ја добил довербата од граѓаните да ги претставува и кој е класичен кариерист кој мисли само на својата кариера и бенефиции. Тие двајца нè доведоа до овде. За да сме овде, се случија најмалку четири крупни настани и грешки – објавувањето на нелегално прислушуваните материјали, целосно сервилната позиција кон Грција, излегувањето од рамката на преговори во Обединетите нации и прифаќањето на промена на Уставот. Ќе го образложам секој еден настан посебно. Објавувањето на нелегално прислушуваните материјали е факт што ја урна претходната влада, но исто така е факт дека го урна и угледот на Македонија. Јас можам да ја разберам борбата на секоја опозиција да дојде на власт, впрочем, за тоа постојат политичките партии и еве сега ние сме во истата позиција, но не можам да разберам да се користат недозволени средства. Зашто користењето на истите средства целосно ја урива државата. Како очекуваме Грција да нè почитува кога со години се слушаат приватни телефонски разговори на луѓе на врвни државни позиции. Тоа е рушење на државата за кое ќе треба да поминат најмалку десетина години за да се вратиме во нормала. Целосната сервилност кон Грција ја видовме од првиот ден на Владата на Заев и Димитров. Таков понизен став не е виден ниту запаметен. Буквално, да се молат Грците да им се прифати сè од тоа што го бараат е национално понижување. Сетете се колку бедно изгледаше кога Заев го молеше Ципрас заедно да слават Нова година во Солун, за на крај Заев да слави само со солунскиот градоначалник.

Колку е тоа бедно и понижувачки. Откако ќе се поставите така, очекувате по неколку недели кога ќе седнете на преговори да ве почитува другата страна. Сигурно нема. Сум споменал и претходно, да не преговараа Заев и Димитров и само да побараа Грците да напишат договор по свој терк, ќе добиеја подобар договор од овој. Веројатно од срам Грците ќе прескокнеа некоја одредба и немаше да побараат сè што добија. Во целиот процес според мене, клучна грешка е излегувањето од рамката на преговори во Обединетите нации. Обединетите нации се механизам кој им помага на помалите држави, како што е Македонија, да се заштитат од поголемите, како што е Грција. Не случајно тој механизам беше поставен и не случајно генералниот секретар на ОН имаше свој специјален пратеник во ликот на Метју Нимиц.

Сите поискусни во дипломатијата знаат дека овој систем колку-толку помага за рамноправност. Денот кога Владата реши да го напушти овој принцип и да почне директни преговори, прво меѓу министрите за надворешни работи, а потоа и на ниво на премиери, беше денот кога Македонија го изгуби своето име, а Македонците се обезличија. Сè потоа беше само техника. Во тие денови јас гласно во медиумите повикував да не се прави тоа, предвидувајќи дека Македонија ќе е најголем губитник од една таква авантура. За жал, моите стравови се остварија, балансот се изгуби и Грција победи. Прифаќањето на промена на Уставот, барем официјално, дојде со лажниот предлог „Илинденска Македонија“. Тоа беше класична дипломатска игра на Грција, добро подготвена и обмислена, со добро профилирање на карактерите на Заев и Димитров. Грците знаеја дека очајно им треба успех и на двајцата. И пуштија предлог кој изгледаше како победа, со една мала забелешка, а тоа е да се промени Уставот. Мала, а толку голема, круцијална, ама кој да ја види! Заев и Димитров се залетаа, иако буквално и јас и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги молевме да не го прават тоа, затоа што бевме свесни како ќе заврши тоа. И така заврши – Грците рекоа не за „Илинденска Македонија“, но се заблагодарија што конечно во Македонија има толку наивно водство кое прифаќа промена на устав. Катастрофата почна. По неколку дена дојде предлогот Северна и тука заврши сè. Сега сме пред историска одлука.

Граѓаните треба да решат. Но да бидеме искрени, пред сè треба да решат Македонците, зашто ова прашање се однесува на нив и нивниот идентитет. Народот, Македонците, многу добро знаат што треба да направат на 30 септември, со цел овој договор да не стане реалност. Мудри се и одлучни, оставаме на нив да го донесат последниот суд кој сите ќе мора да го следат.

Колумна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за порталот Независен.мк.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Пандов со видео порака: Заев зошто ги малтретираш луѓето по сонцево, кога планираш да бегаш од референдум?
Следна објава Христијан Мицкоски: Ве повикувам да бидете внимателни и претпазливи, на државата и се спроведува пљачката на векот
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 561
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 541
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 531
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1190
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 320
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 558
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

814
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2154
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање
Матна Брегалница

Како во две реченици Стојанче Ангелов објасни зошто е вработен во контрола за летање

Јун 3rd, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.